Учениците од ООУ “Вера Циривири – Трена” Скопје во акција на хуманост

2 Јун 2025 | Донирање, Соработки

Хуманоста се учи од мали нозе, а учениците од VI-а одделение тоа го покажаа на дело!
 
Заедно со нивната наставничка и претставник од Љубезност, тие:
 
✅ зготвија 16 топли оброци макарони
✅ спакуваа дополнителни 17 оброци со конзервирана храна
 
Сите оброци беа наменети за наши сограѓани во социјален ризик. Овој мал гест значи многу за оние кои секојдневно се соочуваат со предизвици.
 
🌱 Хуманите вредности се негуваат уште од млади години – секоја рака што помага, секое срце што се отвора, го прави светот подобро место.
 
Голема благодарност до учениците и наставничката за посветеноста! 🙌