Обезбедувањето дом е огромен чекор напред за човек кој се соочувал со бездомништво. Но, вистинската социјална инклузија не завршува со вдомувањето. Со поддршка на Сојузното министерство за труд, социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачите на Република Австрија (BMASGPK), преку проектот ComHome, овозможено е вдомувањето на Исмаил, како и отворањето на Центарот за социјална инклузија „Дренак“, каде што продолжуваме да создаваме можности за негово осамостојување.
🪡 Како дел од нашата практична поддршка, Здружението „Љубезност“ обезбеди машина за шиење во Центарот „Дренак“, каде што Исмаил ќе има можност да го обнови своето претходно знаење, повторно да стекне работна рутина и да ги усовршува своите вештини. Првите чекори ќе бидат насочени кон изработка на едноставни производи, како стегачи за коса, текстилни додатоци и други практични производи.
🎯 Нашата цел е да му помогнеме на Исмаил постепено да започне со самостојна работа, поврзувајќи го со потенцијални клиенти, компании и малопродажни објекти заинтересирани за неговите производи. На овој начин сакаме да му овозможиме да создава сопствени приходи, да ги покрива месечните животни трошоци и да ја зајакне својата економска независност.
🤝 Затоа што секој човек заслужува не само дом, туку и можност самостојно да ја гради својата иднина!
📢 Ги повикуваме компаниите, продавниците и сите заинтересирани за соработка да ни се обратат и да станат дел од оваа приказна за нов почеток!
#Љубезност #ЦентарДренак #ComHome #СоцијалнаИнклузија #ОдДомДоСамостојност #ЕкономскаНезависност
