Седмичен оброк – 30.10.2026

10 Ное 2026 | Седмичен оброк

🍲❤️ СЕДМИЧЕН ОБРОК – МАЛИ ДЕЛА, ГОЛЕМА ХУМАНОСТ

И овој петок, преку нашата хуманитарна акција „Седмичен оброк“, продолжуваме да ја шириме солидарноста и да обезбедуваме топли оброци за лицата и семејствата на кои поддршката им е најпотребна. Благодарение на нашите донатори, партнери и волонтери, уште еднаш покажавме дека заедничките напори можат да донесат вистинска промена во нечие секојдневие. ❤️

 

🙏 Голема благодарност до нашите донатори за денешната поддршка:

 

🍽️ Ретвитни – 170 оброци и салата

🍽️ ВЦС – 19 оброци

🍽️ Синова Тек – 11 оброци

🥖 Жито Лукс – 50 леба

🥖 ЗГ „Љубезност“ – 35 леба

 

❤️ Вкупно 200 оброци и 85 леба, подготвени и обезбедени со многу грижа и хуманост!

 

Посебна благодарност упатуваме до нашите прекрасни волонтерки Лавинија и Каролина, за нивниот несебичен ангажман, посветеност и енергија што ја вложуваат во реализацијата на оваа хуманитарна активност. Нивната подготвеност да помогнат е вистински пример за солидарност и човечност. 🌷

 

💚 Благодарност до сите што се дел од оваа хумана приказна! Вашата поддршка не значи само обезбеден оброк, туку и порака дека никој не е заборавен и дека заедно можеме да изградиме похумано и посолидарно општество.

 

Затоа што хуманоста не се мери само со она што го даваме, туку и со љубовта со која го правиме тоа! ❤️

 

#СедмиченОброк #Љубезност #Хуманост #Солидарност #ЗаедноМожемеПовеќе #Волонтерство #Ретвитни #ЖитоЛукс