🌍 Од преживување до достоинство – социјалната економија како пат кон вистинска реинтеграција!
На 13 и 14 октомври 2026 година, Здружение „Љубезност“ учествуваше онлајн на регионалниот настан во Тирана, Албанија, посветен на активните мерки за вработување на ранливите категории граѓани, со посебен осврт на социјалните претпријатија. Настанот, организиран со учество на Сојузното министерство за труд, социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачите на Република Австрија (Bundesministerium für Arbeit, Soziales, Gesundheit, Pflege und Konsumentenschutz) , овозможи размена на искуства, добри практики и идеи меѓу претставници на институции, граѓански организации и социјални претпријатија од Австрија, Албанија и Македонија.
Преку излагањето на нашиот претставник Тони Станковски, ги споделивме искуствата на „Љубезност“ во поддршката на лицата во бездомништво, сиромаштија и социјална исклученост, како и нашите заложби за развој на работни и животни вештини, социјална реинтеграција и создавање можности за достоинствен и самостоен живот. Веруваме дека вистинската поддршка не завршува со хуманитарната помош, туку продолжува со создавање можности луѓето повторно да поверуваат во себе и во својата иднина.
🙏 Изразуваме искрена благодарност до социјалното министерство на Република Австрија за организацијата на овој значаен настан, како и за континуираната поддршка на активностите на „Љубезност“ во изминатите шест години. Оваа соработка има големо значење за развојот на нашите услуги и за создавање нови можности за социјална инклузија и реинтеграција на најранливите граѓани.
#Љубезност #СоцијалнаИнклузија #СоцијалнаЕкономија #СоцијалнаРеинтеграција #Вработување #Тирана2026

