ComHome проект – Координативна средба со македонските партнери СОНЦЕ и РРЦ

22 Апр 2025 | Соработки

Во рамки на ComHome проектот, беше одржана координативна средба со македонските партнери Roma Democratic Development Association Sonce и РРЦ – Ромски Ресурсен Центар | RRC – Roma Resource Center, со цел договор за следните чекори во справување со бездомништвото во Западен Балкан.
Проектот има за цел да развие одржливи модели и пристапи за поддршка на лица кои се соочуваат со ризик од бездомништво или веќе се бездомници, преку соработка и размена на искуства меѓу партнерите од регионот.

🔹 Проектот се реализира со поддршка од Федералното министерство за труд, социјална политика, здравје, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија.
🤝 Благодарност до сите партнери и учесници за ангажманот и посветеноста во унапредување на социјалната инклузија и човековите права!