❤️ СЕДМИЧЕН ОБРОК – 22.10.2026
Солидарноста нè обединува!
И оваа седмица, благодарение на нашите партнери, донатори и волонтери, обезбедивме и распределивме 244 оброци и салати и 120 леба за лица и семејства во социјален ризик.
🍲 Ретвитни oброк-Retweet a meal – 129 оброци и салати
🍲 Волонтерски Центар Скопје – Volunteers Centre Skopje и @ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ – 84 оброци и салати и 70 леба
🍲 Младите од Христијанската адвентистичка црква (ХАЦ) – 31 оброк
🍞 @Zito Luks – Жито Лукс – 50 леба
❤️ Оваа седмица имавме и еден посебен момент! По цели 12 години успешна соработка, нашите пријатели од Ретвитни оброк за првпат ги подготвуваа оброците во просториите на здружението „Љубезност“. Уште еден убав чекор во нашето долгогодишно заедничко делување и потврда дека солидарноста создава трајни партнерства.
💖 Посебна благодарност до Волонтерски Центар Скопје и ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ за донацијата, подготовката и личното учество во поделбата на оброците, како и до Младите од Христијанската адвентистичка црква – Скопје, кои повторно ја покажаа својата хуманост и грижа за ближниот, преку подготовка на храна и поделба на бездомниците во Градот.
Заедно создаваме добри дела што значат многу! ❤️
#Љубезност #СедмиченОброк #РетвитниОброк #Солидарност #Волонтерство #Хуманост

