ХРАНАТА НЕ Е ОТПАД – ТАА Е МОЖНОСТ ДА ПОМОГНЕМЕ!

10 Ное 2026 | Останати редовни активности, Соработки

Благодарение на хуманоста и општествената одговорност на компанијата @Синова Тек, вишокот подготвена храна од оброците на колегите кои отсуствувале од работа, наместо да се фрли, стигна до оние на кои им е најпотребна. Со навремено преземање, безбеден транспорт и непосредна дистрибуција, храната веднаш беше поделена на бездомните лица низ Скопје. Голема благодарност и до @ВЦС за донираната храна што останала по реализиран настан, со која дополнително ја покажаа својата солидарност и грижа за заедницата.

 

💚 Еден оброк за некого е вишок, а за друг значи многу! Овие примери покажуваат дека со малку организација, добра волја и одговорност можеме истовремено да спречиме фрлање храна и да помогнеме на луѓето во најтешка положба. Ги охрабруваме и останатите компании, организации и институции да го следат овој пример. Не дозволувајте добрата храна да заврши како отпад – дозволете ѝ да стане нечии оброк, надеж и насмевка!

 

#Љубезност #ХранатаНеЕОтпад #ДонирајХрана #Солидарност #ОпштественаОдговорност #ЗаедноМожеме