Шест години партнерство, солидарност и заедничка посветеност на најранливите!

10 Ное 2026 | Останати редовни активности, Соработки

Денес имавме чест да го пречекаме амбасадорот на Република Австрија во Македонија, Н.Е. Мартин Памер Österreichische Botschaft Skopje/Austrian Embassy Skopje, придружуван од австрискиот аташе за социјални прашања, Харалд Бреза-Фугер, и Матијас Пош, претставник на Сојузното министерство за труд, социјални прашања, здравство, нега и заштита на потрошувачите на Република Австрија. За време на теренската посета, гостите имаа можност непосредно да се запознаат со условите во кои живеат дел од нашите сограѓани, предизвиците со кои секојдневно се соочуваат и поддршката што ЗГ „Љубезност“ ја обезбедува за лицата во состојба на бездомништво и социјален ризик.

 

Посетата беше можност да ги претставиме и резултатите од проектот ComHome, кој го реализираме во партнерство со АДРА Австрија и АДРА Србија, со финансиска поддршка од австриското сојузно министерство. Преку проектот придонесуваме кон подобрување на животните услови, пристапот до здравствени и социјални услуги, психосоцијалната поддршка и социјалната интеграција на лицата кои се соочуваат со бездомништво, истовремено застапувајќи се за долгорочни и системски решенија.

 

❤️ Особено сме благодарни за континуираната поддршка што австриското сојузно министерство ја обезбедува за ЗГ „Љубезност“ во изминатите шест години. Благодарение на ова партнерство, успеавме да допреме до бројни поединци и семејства, да обезбедиме конкретна помош и да создадеме нови можности за подостоинствен живот. Оваа соработка е потврда дека солидарноста, меѓународното партнерство и заедничката посветеност можат да донесат вистински промени во животите на најранливите граѓани.

 

#Љубезност #Kindness #ComHome #Austria #СоцијалнаИнклузија #Бездомништво #Солидарност