🤝 Теренска посета на неформалната населба во Керамидница – заедно поблиску до оние на кои поддршката им е најпотребна
Во рамки на посетата на претставниците од Австрија, имавме можност заедно со Матијас Пош, претставник на Сојузното министерство за труд, социјални прашања, здравство, нега и заштита на потрошувачите на Република Австрија, Харалд Бреза-Фугер, австриски аташе за социјални прашања, и Пенчо Кимов, асистент во Канцеларијата на австриското социјално аташе, да реализираме теренска посета на населбата Керамидница во Скопје.
За време на посетата, гостите непосредно се запознаа со секојдневието на семејствата кои живеат во исклучително тешки социјални и станбени услови. Имавме можност да разговараме за предизвиците со кои се соочуваат овие семејства, ограничениот пристап до основните животни потреби, здравствената и социјалната заштита, како и за напорите што ЗГ „Љубезност“ ги вложува преку континуирана теренска работа и индивидуална поддршка.
❤️ Оваа посета уште еднаш ја потврди важноста на директниот контакт со луѓето и согледувањето на нивните реални животни услови, како основа за креирање ефективни и одржливи решенија. Благодарни сме за долгогодишната поддршка од австриското сојузно министерство, која во изминатите шест години ни овозможува да бидеме присутни таму каде што помошта е најпотребна. Преку проектот ComHome и нашата заедничка соработка продолжуваме да се залагаме за достоинствен живот, социјална вклученост и подобра иднина за најранливите граѓани.
#Љубезност #Kindness #ComHome #Austria #Керамидница #ТеренскаРабота #СоцијалнаИнклузија #Солидарност

