Прв ден од „Нахрани 10.000“ – 16.10.2024

17 Окт 2024 | Сезонски активности

Успешно го завршивме првиот ден од хуманитарната акција Нахрани 10.000. Се собра многу храна, средства за хигиена и парични средства кои ќе одат за социјално загрозени и бездомни семејства и поединци.
Огромна благодарност до сите кои донираа. Тие кои немаа можност вчера можат денес да не најдат од 12 до 20 часот на следниве локации во Скопје:
– ВЕРО ЦЕНТАР (ЏАМБО)
– ТИНЕКС (Првомајска)
– ВЕРО (Аеродром)
– ВЕРО 2 (Тафталиџе)
– ТИНЕКС (Карпош 2 – Драмски)
Заедно да помогнеме на оние на кои им е најпотребно.
Ве осекуваме и денес!