Следното здружение кое беше вклучено во акцијата „Новогодишно пакетче за секое дете“ е Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association. Тие донираа 40 новогодишни пакетчиња, што ни овозможи да донесеме радост на многу деца.
Со МЗМП имаме долгогодишна соработка и заедно се надополнуваме во процесот на поддршка и помош на социјално загрозените лица. Ви благодариме за вашата континуирана поддршка и за се што правите за заедницата!