Искрена благодарност до Wabtec MZT за нивната прекрасна донација, која вклучува училишни ранци и прибор, како и пакетчиња со слатки и грицки за нашите најмали. Исто така донираа ваучер во Кам во вредност од 2000 денари со кои се купија конзерви за седмичните оброци на бездомните лица

Вашата поддршка ќе помогне да им донесеме радост и насмевки на лицата на кои најмногу им треба. Ви благодариме што ни помагате да создадеме подобро утре!