Sunilens ни е долгогодишен соработник преку проектот „РЕЦИКЛИРАЈ И ДОНИРАЈ“. Тоа е еко-хуманитарна акција на собирање на отпадно масло за јадење и донирање на рафинирано масло за јадење.
Од проектот граѓаните имаат можност да донираат свежо масло кое им го дава Суниленс како награда за собраното отпадно масло, а и самата команија донира месечно пакети масло за јадење за нашите корисници.
Од почетокот на годината од двата извори се добиени и поделени 151 килограм масло за јадење.


Голема благодарност до граѓаните кои се вклучени во проектот и Суниленс кои не поддржува и во останатите активности.
Ги повикуваме граѓаните на Македонија да се приклучат на оваа еко-хуманитарна акција и да дадат свој допринос во зачувување на животната средина и да помогнат на социјално загрозените семејства.
За да се вклучите слободно јавете се во Суниленс на тел. 02 2650 100. Тие празни кантички ќе ги достават дирекно во вашите домови.
Повеќе информации за проектот можете да добиете на следниот линк: