Како дел од нашите редовни активности, обезбедуваме придружба на нашите крајни корисници до институции, како што е Центарот за социјална работа. Оваа поддршка е особено важна за оние кои, поради нејасни процедури или недоволно познавање на своите права, не можат самостојно да ги завршат потребните постапки.
Секојдневно се соочуваме со предизвикот на недоволно јасна комуникација од страна на институциите кон лицата кои имаат потешкотии во разбирање на административните процеси. Поради недостиг на човечки ресурси, службениците често не можат да посветат доволно време, што резултира со неколкукратни одбивања и, на крајот, откажување на граѓаните од остварување на своите законски права.
Нашите искуства укажуваат на јасна потреба институциите и организациите да развијат дополнителни механизми за поддршка – со цел да им излезат во пресрет на лицата кои се соочуваат со административни бариери.

Веруваме дека системот треба да биде достапен за сите. Нашата цел не е само да бидеме поддршка, туку и да поттикнеме промени со кои секој граѓанин ќе може самостојно, достоинствено и со целосно разбирање да ги оствари своите права.
