Седмичен оброк – 181 оброк и 91 леб споделени со љубов ❤️🍞
Во сабота, 11.07.2026 година, преку акцијата „Седмичен оброк“ беа подготвени и поделени вкупно 181 оброк и 91 леб за бездомни лица и луѓе во социјален ризик.
Нашите пријатели од „Ретвитни“ обезбедија 115 оброци со салати, додека Здружението „ЉУБЕЗНОСТ“ обезбеди 66 оброци и 41 леб. Компанијата „Жито Лукс“ донираше дополнителни 50 леба.
Голема благодарност до сите донатори, партнери, волонтери и граѓани кои покажуваат дека солидарноста не е само збор, туку конкретна помош за човек на кој му е најпотребна. 🙏
Вклучете се и вие! Секој дониран оброк, леб или прехранбен производ носи поддршка, достоинство и надеж. Заедно можеме да помогнеме никој да не биде гладен, заборавен или оставен сам. ❤️

