Чистење на Градски парк

2 Сеп 2026 | Останати редовни активности, Соработки

🌿 Заедно за почист и поубав Градски парк 🌿

 

На 30ти јули во Градскиот парк во Скопје, после страшните ветрови, беше реализирана една убава и корисна волонтерска иницијатива од страна на волонтери од Христијанската адвентистичка црква од Скопје.

 

Со одобрение од Град Скопје, волонтерите излегоа на терен и дадоа свој придонес во отстранувањето на паднатите гранки, стебла и лисја од патеките и тревните површини, придонесувајќи за почист, побезбеден и попријатен простор за сите посетители.

 

Здружението Љубезност ја поддржа иницијативата со обезбедување сендвичи, вода, овошје и благо за волонтерите, како мал знак на благодарност за нивниот труд, време и посветеност.

 

Без разлика на дејноста и мисијата што ја имаме како организации или поединци, секој од нас може да придонесе за подобра и поуредна заедница. Ваквите активности покажуваат дека со заеднички ангажман, солидарност и лична одговорност можеме да направиме видлива промена.

 

Ги охрабруваме и останатите организации, неформални групи и граѓани да се приклучуваат и да иницираат слични волонтерски акции. Секој придонес е важен. 💚

 

#Љубезност #Волонтерство #ЗаедноЗаЗаедницата #ГрадскиПарк #Скопје #ОпштественаОдговорност