Посета во болницата во Козле

4 Јун 2025 | Доставени донации, Поддршка на семејства

Нашиот тим, составен од медицинска сестра и психолог, ја посети нашата крајна корисничка која моментално е хоспитализирана поради нарушена здравствена состојба.
 
📋 При посетата беше согледана нејзината моментална здравствена и психо-социјална состојба, дадена психолошка поддршка и дониран пакет со средства за лична хигиена
 
Секоја посета е повеќе од гест – тоа е потсетување дека не се сами. Продолжуваме активно да ја следиме нејзината состојба и да ѝ стоиме на располагање со сета потребна поддршка.
 
🔹 Реализацијата на активностите е овозможена со финансиска поддршка од Сојузното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија во РСМ, преку проектот ComHome.