Со гордост ги споделуваме резултатите од проектот „РЕЦИКЛИРАЈ И ДОНИРАЈ“ за 2025 година!
Благодарение на совесноста и ангажманот на домаќинствата, во текот на 2025 година беа собрани вкупно 6.567,5 литри отпадно масло за јадење од домаќинствата.
Како награда за своето учество, домаќинствата добија свежо масло за готвење, а дел од нив одлучија оваа награда да ја донираат на Здружението Љубезност. Така, беа донирани 524,5 литри масло за готвење, кои беа распределени на социјално загрозени семејства – корисници на услугите на здружението.
На оваа количина, компанијата Sunilens се вклучи со дополнителна донација од 384 литри масло за готвење.
Тоа значи дека вкупно беа донирани 908,5 литри масло за готвење за поддршка на семејства на кои оваа помош навистина им е потребна.
Овој резултат уште еднаш покажува дека кога граѓаните, компаниите и граѓанските организации делуваат заедно, можеме истовремено да придонесеме и за заштита на животната средина и за поддршка на најранливите.
Голема благодарност до сите домаќинства што учествуваа, до сите кои решија да донираат, како и до компанијата Суниленс за поддршката и покажаната општествена одговорност.
Да продолжиме заедно да рециклираме, да донираме и да покажуваме дека малите навики создаваат големи промени.
Секој литар правилно одложено масло значи почиста животна средина и поголема поддршка за оние на кои им е најпотребна.
