24 санации за само три дена. ❤️
На 2, 3 и 4 септември 2026, успеавме да реализираме 24 санации во домовите на повеќе семејства, благодарение на брзата реакција и поддршката од луѓе кои веруваат дека секој заслужува безбеден и достоинствен дом.
Една од посетите нè потсети зошто е толку важно да бидеме таму, на терен. При нашата посета на едно семејство, каде што носевме училишен прибор и ранци, забележавме дека домот на самохрана мајка со месеци имал проблем со протекување. Таа немала телефонски број преку кој би можела да побара помош, па проблемот останал нерешен.
Не чекавме.
Го детектиравме проблемот и веднаш реагиравме. При набавката на потребните материјали, сопственикот на локалната продавница, кој добро ги познава и континуирано ги поддржува нашите корисници, направи нешто што навистина заслужува да се сподели — ги подари сите потребни материјали за санацијата. ❤️
Понекогаш, најголемата помош доаѓа од луѓе кои едноставно одлучуваат да помогнат.
Благодариме што сè уште постојат вакви луѓе.
Луѓе кои не прашуваат „зошто јас?“, туку велат „што можам да направам?“
Заедно, еден по еден проблем, правиме нечии домови побезбедни. 🏠❤️

