❤️ Седмичен оброк Сабота, 10.10.2026 – Солидарноста продолжува!
И оваа седмица, преку нашата редовна активност за поддршка на лица и семејства во социјален ризик, распределивме 190 оброци и 92 леба, обезбедени благодарение на нашите долгогодишни соработници и донатори.
🍲 Ретвитни oброк-Retweet a meal – 190 оброци
🍞 @нашата Тиана – 42 леба
🍞 Zito Luks/Жито Лукс – 50 леба
💖 Голема благодарност до сите донатори, поддржувачи и волонтери кои со својата посветеност овозможуваат оваа хуманитарна активност да продолжи од седмица во седмица.
♻️ Грижата не завршува со поделениот оброк. По секоја распределба, нашите волонтери се грижат просторот да остане чист и уреден, собирајќи го и отпадот што не е поврзан со нашата активност.
Веруваме дека солидарноста се покажува преку секојдневни дела – преку подадена рака на човек во потреба, но и преку одговорност кон заедничкиот простор што го делиме. ❤️
#Љубезност #СедмиченОброк #Солидарност #Хуманост #Волонтерство #ГрижаЗаЗаедницата

