Девојче кое страда од слипапнеа, (поради зголемен трет крајник нема доволно проток на кислород во мозокот). Со наше посредување и координација со главната сестра на ОРЛ Мимоза, успеавме да стапиме во контакт со докторката која е специјалист во таа област Прим. д-р Маја Киријас, која се нафати да го превземе овој случај и да ја изврши хируршката интервенција.
Овие активности се целосно поддржани од Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија преку проектот ГРИЖИ СЕ, исто така имаме поддршка и од Град Скопје, компаниите #PowerView и #CMXSolutions. Програмските активности на здружението #ЉУБЕЗНОСТ се со поддршка на програмата на #CivicaMobilitas.