Social Friday

3 Апр 2025 | Донирање

Минатиот петок бевме вклучени во активности на Social Friday Activity во #TapasBarTrn, каде се готвеа 🍚 100 оброци ориз со пилешко 🍗 за седмичниот оброк за бездомни лица.
Додека едните учесници готвеа, другите бојеа 🎨, цртаа ✏️, везеа и создаваа дела 🎭 кои се продаваа за да се соберат средства за настраданите во Кочани ❤️.
За време на настанот имавме можност да споделиме накратко и за нашите други активности и работата на здружението.
Голема благодарност до компанијата BREON за оранизација 🙏 и Tapas Bar ТРН за просторот. Голема пофалба за иницијативата и сите учесници! 👏✨